• Денес е: вторник, октомври 19, 2021

МАТТО и Стопанска комора на Амасја потпишаа договор за соработка (27.06.2019)

Matto
јуни27/ 2019

Стопанска комора на Македонија-Турција, МАТТО, беше домаќин на делегација на Стопанска комора на Амасија. Двете комори потпишаа и договор за соработка.

Делегацијата беше пречекана од страна на заменик претседателите на МАТТО, г-дин Имер Селмани и г-ѓа Букет Геречџи, Главниот Трговски советник при Амбасада на Р.Турција во Скопје, г-динот Буњамин Кутлу и економскиот советник при Амбасада на Р.Турција во Скопје, при што споделија информации во врска со бизнис климата и инвестициските поволности во Р.Северна Македонија. Им се дадоа и информации во врска со моменталната економска состојба во Р.Северна Македонија, инвестициските можности, субвенции, поддршка од страна на МАТТО и им беше одговорено на многу други прашања поставени од нивна страна. 

По завршувањето на состанокот се заменик претседателот на МАТТО г-дин Имер Селмани и Претседател на Управен Одбор на Стопанска комора на Амасија, г-дин Мурат Кирлангич, потпишаа договор за соработка помеѓу двете комори.

Share