• Денес е: понеделник, март 1, 2021

МАТТО, донираше 10 лап-топ компјутери на Основното училиште Тефејjуз во Скопје

Matto
ноември27/ 2020

Стопанска комора на Македонија-Турција-МАТТО, со цел да им овозможи на учениците подобро образование за време на пандемскиот период, на Основното училиште Тефејуз во Скопје, донираше 10 лап-топ компјутери.

На свеченоста организирана во Основното училиште Тефејуз, Претседателот на МАТТО, г-динот Ајдован Адемоски, и директорот на училиштето,г-дин Салајдин Зекир, потпишаа протокол за соработка. Воедно беа доделени и лап-топ компјутерите. На свеченоста присуствуваа г-дин Ајдован Адемоски,претседател на МАТТО,г-дин Муртеза Сулооџа,член на УО, и г-дин Шахпаз Молалиев,извршен директор на МАТТО.

Давајќи изјави на оваа тема, претседателот на МАТТО, г-динот Адемоски, истакна: На замолница од страна на директорот на училиштето, ќе се трудиме да ги задоволиме потребите на наставниците и учениците. “Би сакал да им се заблагодам на нашите членови кои донираа квалитетни компјутери. “Се надевам дека оваа година ќе ја завршат со далечинско образование и дека од следната година ќе го продолжат своето образование и со физичко присуство”, ќе продолжиме да ги поддржуваме Основните училишта и во наредниот период.

Директорот на Основното училиште г-дин Салајдин Зекир, се заблагодари на МАТТО за укажаната поддршка во овие тешки денови. Тој истакна дека во септември месец испратиле замолница до МАТТО, и дека новите компјутери ќе им овозможат на наставниците да обезбедат поквалитетно образование.

Share