• Денес е: четврток, декември 2, 2021

МАТТО го потпиша Договорот за соработка со Enterprise Europe Network (EEN) Македонија

Matto
октомври18/ 2019

Со цел поддршка на интернационализација на бизнисите на членките на МАТТО и нивниот раст, г-дин Алп Eр Тунга Ерсој , генерален менаџер на ТАВ Македонија и потпретседател на МАТТО, од името на МАТТО го потпиша Договорот за соработка со Enterprise Europe Network (EEN) Македонија г-дин Александар Филиповски, менаџер во ЕЕН Македонија, од името на неговата институциа.

Главна мисија на Enterprise Europe Network е да им помогне на малите и средни претпријатија да ги искористат различните бизнис можности во рамките на единствениот ЕУ пазар, развивајќи активности на соработка од областа на бинисот, технологијата или науката. Преку мрежата се обезбедувааат совети за поддршка на иновативните бизниси и пристап до финансии. Исто така, се овозможува и добивање на информации за можностите за располагање на програмите и финансирање од страна на Европската унија.

Share