• Денес е: петок, јуни 25, 2021

MATTO на 12 Октомври ја прослави првата годишнина од основањето

Matto
октомври14/ 2009

Стопанската Комора на Македонија-Турција MATTO, на 12 Октомври ја прослави првата годишнина од основањето. На организацијата која се одржа во Конференциската сала на ФОН Универзитетот присуствуваа над 200 гости.

На почетокот одржа говор Генералниот менаџер на ФОН Универзитетот Сефер Цаноски. Г-динот Цаноски покрај честитките за успешната работа во текот на изминатата една година, искажа и задоволство поради тоа што и  Универзитетот ФОН  зазема место во целата организација на годишнината на МАТТО.

Претседателот на МАТТО, Туна Ејуп Кахвеџи во почетокот на својот говор им се заблагодари на Амбасадата на Република Турција во Скопје, на  членовите на Kомората и на сите кои дадоа придонес во организација  на јубилејот. Претседателот  Кахвеџи се задржа на активностите на МАТТО и изјави благодарност за заинтересираноста  и  покажаниот успех. Истакна дека преку потпишаните договори и протоколи за соработка со Коморите од Македонија и други институции, се остварени многу успешни активности . Со ова се зајакнува   соработката меѓу Македонија и Турција. МАТТО претставува мост меѓу двете земји.

Заменик министерот за економија д-р. Методиј Хаџи Васков , во своето излагање го честита  јубилејот  и посака  натамошни успеси на МАТТО. Тој во својот говор наведе дека многубројните активности и организираните семинари го сочинуваат огледалото на успехот на МАТТО. Притоа истакна дека на еден од тие семинари имал и тој чест да присуствува како излагач.

Амбасадорот Арслан Хакан Окчал покрај честитките, раскажа и еден спомен со кој концизно го претстави Професорот Ортајли: „Бевме на една друга конференција. Професорот се појави со еден мал лист во рака на кој имаше многу кратки белешки. Покрај тоа тој одржа говор кој траеше подолго од два часа. Значи професорот може да ги гледа работите кои ние не можеме..„

Проф.Др. Илбер Ортајли  на почетокот ги поздрави гостите на Руски јазик кој се наоѓа на иста група јзици со Македонскиот и еден од осумнаесетте јазици кои ги познава.

Професорот Ортајли за Балканските народи кажа: „Тие се народи со далечно минато кои имаат своја црква, традиција и своја посебна структура„…` Со ова го спомна и зборот `држава` кој во англискиот е `стате` и  опишува една сопствена државна структура.

За главната   тема на  своето предавање  ,, Економската состојба во 19. век,, кажа: `Производството на волна или на турски кој се вика аба, кои се материјали произведени за воена употреба, се извезува во Австрија. Со текот на времето и развивањето на трговијата, Македонските трговци се иселени во центри како што се Виена и Трст.

На крајот на говорот, Проф .Ортајли истакна дека има многу работи кои може да се коментираат за овој регион и овој период, меѓутоа за тоа треба подолго време.

Во  завршниот  збор, Претседателот Туна Ејуп Кахвеџи  истакна дека состојбата која ја изложи Проф. Ортајли ќе им биде на корист на инвеститорите за да го дознаат минатотото на регионот каде што имаат желба да инвестираат.

На коктелот кој беше  организиран  за присутните   настапи групата  “Јени  Јол”.

Share