• Денес е: вторник, септември 28, 2021

Во Скопје се одржа прием по повод 10. годишнината од основањето на МАТТО

Matto
декември11/ 2019

Стопанска комора на Македонија-Турција, МАТТО, ја одбележа десетогодишнината од своето основање, сношти (10.12.2019) година, во хотел Hilton Double Tree, Скопје
На приемот учествуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија, Трајан Димковски, претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија, Салих Мурат, заменик амбасадорот на Турција во Скопје, Умут Лутфи Озтурк, заменик министерот за труд и социјална политика на Северна Македонија, Ѓонул Бајрактар, претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски, членови на МАТТО, политичари, претставници од бизнис заедницата, претставниците на турските и локалните организации и институции во земјата, како и други поканети гости.
На почетокот на приемот присутните имаа прилика да го погледнат видео материјалот подготвен по повод десетгодишната работа на МАТТО.Претседателот на МАТТО, Адемовски, во своето обраќање пред присутните истакна дека со нивната работа, искуство, залагање, применети стандарди и капитал, директно придонесуваат и ќе придонесуваат за унапредување на македонската економија.
„Нашите членки вработуваат преку 15.000 вработени, и со гордост можеме да кажеме дека турските директни инвестиции во Република Северна Македонија изнесуваат две милијарди долари. И можеме да кажеме дека робната размена меѓу двете држави изнесува 500 милиони долари, но тоа не е доволно. Ние како сериозна стопанска комора на Северна Македонија и Република Турција нема да застанеме тука. Нашата цел е оваа робна размена да достигне барем до една милијарда долари“, нагласи Адемоски.
Тој рече дека тие како МАТТО им овозможуваат на турските и македонските компании да се отворат на пошироки пазари.

Според него, како институција МАТТО е активен партнер во приватниот јавен дијалог, и дека неговите членки имаат активна улога во трансформацијата на локалната економија, како и во регионот и пошироко.
Адемоски истакна дека тие исто така ја развиваат и проднесуваат во економијата, како и придонесуваат во полнењето на буџетот на Северна Македонија.

Тој нагласи дека ќе се трудат Северна Македонија да биде попросперитетна, да донесат што посериозни инвеститори во земјата, и додаде:
„Јас би сакал да назначам дека Македонско-турската комора придонесува многу и во хумани цели, односно овозможува и стипендии на средношколци и студенти кои што студираат на нашите факултети. Со гордост можеме да се пофалиме дека до денес нашата комора има стипендирано некаде околу 208 студенти и средношколци“.
Адемоски упати благодарност до сите кои во овие 10 години дале придонес МАТТО да биде еден од најзначајните комори во двете земји.
„Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам и на турската Амбасада што несомнено секогаш ни ги отвора вратите во Република Турција, и со сите можни контакти што сакаме ние да ги воспоставиме во Република Турција, наидуваме на широко отворени врати“, рече Адемоски.

Share