• Денес е: вторник, септември 28, 2021

МАТТО го одржа годишното Собрание за 2020 година, на кое беа споделени целите на МАТТО за оваа година

Matto
јануари23/ 2020

Денес (22.01.2020) се одржа годишње Собрание на Стопанка комора Македонија –Турција МАТТО на кое се даде очет за 2019 година и се изгласа програмата за 2020.
Стопанската комора Македонија – Tурција (МАТТО) денеска го одржа годишното Собрание за 2020 година, на кое беа споделени целите на МАТТО за оваа година. Претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски, имаше свое обраќање пред присутните, при што рече дека билатералната трговска размена со Турција во периодот меѓу јануари и ноември 2019 година изнесува околу 404 милиони долари

 

Во текот на настанот беше изгласана овогодишната програма на МАТТО, а според програмата, приоритет на МАТТО ќе бидат темите: поголемо влијание врз деловната и инвестициската клима, како и поддршка за унапредување на трговската размена со Турција и привлекување турски инвеститори.
Претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски, имаше свое обраќање пред присутните, при што рече дека билатералната трговска размена со Турција во периодот меѓу јануари и ноември 2019 година изнесува околу 404 милиони долари.
Адемоски нагласи дека најверојатно ќе се надмине вредноста од претходната година кога изнесуваше 524 милиони долари.
„Поттикнување на билатералната трговија би требало да биде наш фокус оваа година. Минатата година имавме шест посети на Комората од Турција, споивме 97 турски компании со 40 македонски, 13 македонски фирми ги однесовме во Коџаели за Б2Б средби, а 37 турски и 6 македонски компании побараа поддршка од МАТТО

да ги развијат своите бизниси со Северна Македонија – односно Турција. Нашиот веб-сајт беше посетен 25.000 пати. Сево ова е база од која може да се развие соработка во текот на оваа и идната година“, истакна Адемоски.
Според него, Народната банка прогнозира раст од 3,8 отсто, меѓународните институции предвидуваат помалку, помеѓу 3,4 отсто и 3 отсто, а сето тоа упатува на тоа дека не се наѕира раст кој би значел поголом развој на економијата.
„Очекуваме идната Влада да направи суштински поместувања во економската сфера, како што е поддршка на либерализација на регионалната трговија и создавање заеднички пазар кој би можел да биде чинител во меѓународната трговија, во смисла на големина, непречен транзит, искористување на природните ресурси, отворање нови и зајакнување на постоечките бизниси, а со тоа ќе се задржи и населението. Проактивност во смисла на поддршка на овие процеси ќе биде од корист за самите нас, но и за општеството“, нагласи тој.

Share