• Денес е: петок, јуни 25, 2021

Седница на собрание на МАТТО во 2010 година

Matto
февруари04/ 2010

Се одржа 2. редовно Собрание на Стопанската комора на Македонија – Турција, МАТТО со присуство на Почитуваниот Амбасадор на Република Турција во Скопје Г-дин Арслан Хакан Окчал. Амбасадорот, кој истовремено  е и наш почесен Претседател, во својот говор меѓу своите пофалби кон МАТТО истакна `измина една година од вашето формирање и моментално претставувате една активна и жива институција. Ова покажува дека во Македонија се чуствувало потреба за една таква активност.`  Г-дин Окчал, во својот говор истакна дека МАТТО е една  важна институција и продолжи : `Ние како Амбасада добиваме голем број на апликации од Турција. Тука МАТТО за нас претставува сигурност бидејки е институција која се наоѓа до нас која може да одговори на овие молби. Ние  слободно ги упатуваме кон вас.` 
Алкан Доган, Претседателот на Надзорниот одбор, во име на одборот го презентираше Извештајот од годишните активности на комората.  
Претседателот на МАТТО Почитуван Г-дин Ејуп Кахвеџи накратко  даде информации за извршените активности во 2009 година. Во претставената програма на активности и предлог-буџетот за 2010 година од страна на Г-дин  Кахвеџи, искажа надеж дека во 2010 година МАТТО ќе има поактивен пат : `Активностите кои ги имаме во план се претставување на лоби каде што членовите би можеле да побараат помош за превземање мерки при пресрет со неправди, да претставуваме институција од која би се барале мислења за економијата во земјата и при формирање на инвестиционите политики, кај членовите зголемување на чувството на припадност кон МАТТО, така што во соработка со други фирми да им се овозможи прифаќање на фирмите кои се член во МАТТО, зголемување на бројот на членовите од квалитативен аспект. Во месец Септември или Октомври организирање на саем за земјоделие со кој Турските фирми ќе имаат можност да бидат запознаени со недостатоците во областа на земјоделието, запознавање на Стопанските комори и сличните институции од Турција со можностите за инвестирање во Македонија. Со тоа следи и  овозможување на поголем број на инвестиции и привлекување на деловни луѓе, давање услуги при потреба за правни, визни и други проблеми при формирање на инфраструктура, појачување на вредноста на МАТТО како бренд, подготвување на проект за млади претприемачи и др.`
По одржаните говори се донесоа одлуки за трошоците на МАТТО во 2009 година и Програма на активности и предлог-буџетот за 2010 година. Потоа беа избрани нови Членови на место на трите членови на кои им беше резрешено членството и едниот Член кој по своје барање излезе. За членство во Управниот одбор беа предложени фирмите ИК Банка, МНГ Холдинг, АСД ДООЕЛ и Ауто ЏЕМ кои беа прифатени.
Како последна точка на дневниот ред се избра Член на Надзорен одбор, на кое место беше предложена фирмата Дигитал Центар. Истата беше прифатена.
Со направените промени листата на новиот Управен одбор и Надзорен одбор е дадена подолу :
УПРАВЕН ОДБОР

1. КАЛЕ ЛТД ДОО                      Туна Ејуп KАХВЕЏИ   
2. ЕВРОАЗИЈА ТЕКНИКА        Ајдован Адемоски           
3. ЕДЕЛ ПРОМ ДОО                 Зулфиќар Сефедин    
4. МАПА АД                                 Рифат Акин
5. ИК БАНКА                               Јуџел Инан           
6. ЗИРААТ БАНКАСИ                Џенгиз Унал       
7. ТАВ МАК ДООЕЛ                    Алпер Тунга ЕРСОЈ       
8. ОРТЕКС ДОО                         Орхан Заири       
9. РОЈАЛ ДОО                            Емин Левент АКСУ
10.ЈАХЈА КЕМАЛ КОЛЕЏ          Јакуп Арслан   
11.АСД ДООЕЛ                           Реџеп Паламут
12.ЕН ФА ТРЕЈД                         Фадил Ќазим       
13.ЛИБЕР ПРОПЕРТИ             Ѓокхан Ишевџан   
14.АУТО ЦЕМ ДОО                     Ерџан Јонузи           
15.ШОУ ХЕМ                               Јусуф Ага       

ЗАБЕЛЕШКА : Ќе бидат примени уште 4 Члена од квотата на Управниот одбор

НАДЗОРЕН ОДБОР
1. АЛЕМ ЕСХ ДОО                       Алкан Доган
2. АКТУАЛ КЛУБ ДОО                Енгин Бијик
3. ДИГИТАЛ ЦЕНТАР ДОО       Самир Дрплјанин

Share