• Денес е: вторник, октомври 19, 2021

ВЛИЈАНИЕТО НА ЕКОНОМСКАТА КРИЗА

Matto
октомври14/ 2009

Стопанската комора на Македонија – Турција, МАТТО, на 7 Октомври во Конференциската сала на Стопанската комора на Македонија, во рамките на активностите  во месец октомври  организира семинар на тема “Влијанието на економската криза врз деловниот свет и банкарските можности за мали и средни претпријатиjа”.

Воведниот говор на семинарот на кој како семинарист присуствуваше Г-дин Јуџел Инан, Генерален директор на ИК Банка, го одржа Претседателот на МАТТО Г-дин Туна Ејуп Кахвеџи. Г-дин Кахвеџи, истакна дека се продолжува со коментирања за глобалната криза меѓутоа овој пат за влијанијата врз реалниот сектор и покрај тоа за банкарските можности во овој период.

Г-динот Јуџел Инан во својот говор ги објасни влијанијата на економската криза врз деловниот свет. Покрај тоа поголемиот дел од излагањето го посвети на состојбата во Македонија и можностите кои ги нудат македонските банки. Г-дин Инан истакна дека ИК Банка е банка со најмала каматна стапка во Македонија. Меѓу многубројните прашања кои беа поставени до Инан, заинтересираноста за кредитите кои ги нуди ИК Банка за мали и средни претпријатија беше видлива.

На крајот на семинарот Претседателот Кахвеџи ги извести гостите за организацијата по повод првата годишнина на МАТТО која ќе се одржи на 12 Октомври, Понеделник, во Конференциската сала на ФОН Универзитетот.

Share