• Денес е: вторник, септември 28, 2021

Hilton Double Tree Hotel во Скопје ги отвара вратите од 1 јануари 2019 година

Matto
декември31/ 2018

Оваа инвестиција вредна 50 милиони евра беше свечено отворена сношти ( 27.12.2018)- со присуство на г.Зоран Заев, премиер, Министри во Владата, градоначалници, амбасадори и други преставници од  политичкиот и јавниот живот. Домаќин на приемот беше инвеститор г-дин Ајдован Адемоски, бизнисмен,почесен конзул на Република Турција и Претседател на Стопанска комора на Македонија-Турција. Обраќајќи се на присутните тој истакна – ‘’ Реализиравме сериозен проект со кој може да се гордее цела Македонија. Го обезбедивме највиското ниво во хотелиерството. Го донесовме ,,Хилтон” којн досега беше присутен во 120 држави со вкупно 5.500 хотели. Како бизнисмен присутен на македонскиот пазар преку 25 години, горд сум на оваа инвестиција од 50 милиони евра”.

Лоциран покрај кејот на реката Вардар близу мостот ,,Близнак” во општина Аеродром, објектот на пет ката со едно подниво зафаќа површина од 25.000 затворена и 5.000 м2 отворено и се состои од фитнес простор од 1.500 м2 со приземје и 7 ката . Станува збор за инвестиција вредна вредна 50 милиони евра која моментално вработува 100 лица  во кус рок уште 70.

Како што беше речено на вчерашниот прием по повод официјалното отворање кое треба да се случи кон крајот јануари 2019 ,,Хилтон” располага со 170 соби, 15 апартмани од кои еден претседателски, модерни спа и фитнес центри, традиционална турска бања, 7 конференциски сали, три ресторани…

‘’Како премиер се гордеам на ваквата инвестиција и сметам дека одлично најава за 2019-та која ќе биде економска година-истакна Заев.-Скопје и Македонија добија хотел кој преставува нов имиџ но е и порака за многу инвеститори, дека земјава е надежна дестинација за чие било вложување. Г-дин Заев подвлече дека токму оваа инвестиција успеала да врати 30 млади луѓе и да им обезбеди вработување.
Генералниот  директор на  ,,Хилтон’’ Ерџан Ќосе информира дека првиот гостин што треба да пристигне на 1 јануари е од Република Грција.

LINK:  DoubleTree by Hilton Skopje >>>

 

Share