• Денес е: петок, април 16, 2021

Седница на Управен Одбор на MATTO и Проштална вечера во чест на членката на Управен Одбор Ибрахим Кесемен

Matto
март24/ 2015

Почесниот Претседател на комората, Министерот за економија Незири, на вечерата ги послуша барањата на нашите членки, со кои имаше средба

На 23ти Март 2015 год. во Хотелот Стон Бриџ се оствари консултативна средба со Амбасадата на Р. Турција во Скопје и Стопанска комора на Македонија-Турција (МАТТО). Истовремено и се оддржа проштална вечера во чест на Генералниот Директор на Рамстор Македонија г-дин Ибрахим Кесемен, на која присуствуваа Почесните Претседатели на MATTO, Амбасадорот на Р. Турција во Скопје г-дин Омур Шолендил, Министерот за економија во Р.Македонија г-дин Беким Незири, државниот министер за странски инвестиции во Р.М г-дин Фуркан Чако, Претседателот на Деловниот совет ДЕИК Турција во   Македонија г-дин Хасан Хошбен заедно со својата делегација, Заменик Претседател за слободни зони во Р.Македонија г-дин Асип Усеини, трговски и економски советници при Амбасада на Р.Турција во Скопје, програмскиот координатор на ТИКА во Скопје г-дин Теоман Тирјаки и членките на Управен Одбор на МАТТО. 

На состанокот постоечките бизнисмени ги искажаа своите проблеми, се проценија прогресивните препораки и можностите за соработка. Стопанствениците  ги споделија своите актуелни проблеми на министерот, како и побараа поддршка за решавање на истите. 

Министерот за Економија Незири на состанокот со стопанствениците истакна дека проблемите на турските инвеститори ќе ги пренесе во Владата. Незири поканувајќи ги турските инвеститори истакна дека вратата за турските инвеститори секогаш ќе биде отворена за решавање на прашања кои се релевантни во министерството на техничка основа.

Амбасадорот на Р.Турција во Скопје г-дин Шолендил, даде значение за стабилноста на Македонија и истакна дека сите се на еднакво растојание.

Претседателот на MATTO г-дин Кахвеџи истакна дека продолжуваат да работат за Македонија, преку произведување на заеднички проекти и водење на бизнис во третти земји. 

Поради завршување на мандатот на г-дин Ибрахим Кесемен под функција Генерален Директор на Рамстор во Македонија, Претседателот на Управен Одбор на МАТТО г-дин Туна Ејуп Кахвеџи му врачи плакета.

bakan-matto1.JPG

ibrahimkmatto-plaket.JPG

ekonbmatto-2.JPG

 

Share